Dragons of Fortune
-
Идеја
-
Графика
-
Аудио
-
Бонус
Overall
User Review
( votes)Играј Dragons of Fortune Бесплатно
Dragons of Fortune е онлајн слот игра со митолошка тема, направена од провајдерот SYNOT. Оваа игра има RTP од 96.04%, што значи дека играта враќа добар дел од влоговите на играчите.Погодна е за луѓе што сакаат дракони, авантури и фантастични светови. Играта има 5 колони и 3 реда, но се издвојува со тоа што нуди 243 начини за добивка, што ги зголемува шансите за награда.
Главната тема на играта се драконите. Тие се прикажани како моќни суштества и ги претставуваат природните сили како оган, вода, ветар и земја. Секој дракон има своја боја и изглед, а тие се и најважните симболи во играта. Позади играта има волшебен пејзаж со ридови, замоци и чад, што создава чувство на бајка и мистерија.
Графика
Dragons of Fortune има детална и бајковита графика. Позади играта се гледа замок и планини, што создава чувство на авантура во магичен свет. Симболите се убаво нацртани дракони, портали, оружја и златни букви. Дизајнот е чист, а движењето на колоните е пријатно за гледање.
Аудио
Звукот во играта прави мистична атмосфера. Се слуша тивка музика со фантастичен звук, што ја нагласува темата со дракони и магија. Кога има добивка, се слушаат ефекти што звучат како магични звуци. Звукот не е гласен ниту досаден, но додава многу на искуството. Играчот може да го исклучи од менито ако сака.
Симболи во Dragons of Fortune
Симболи со висока вредност

Во Dragons of Fortune, симболите со највисока вредност се петте различни дракони, секој со своја боја и различни исплати:
- Златен змеј: највреден симбол. Пет симболи носат 30x од влогот, четири носат 6x, а три – 3x.
- Портокалов змеј: дава 25x за пет симболи, 5x за четири, и 2x за три.
- Белиот змеј: носи 20x за пет, 4x за четири и 1x за три.
- Синиот змеј: вреди 15x за пет, 3x за четири и 1x за три симболи.
- Зелениот змеј: најслаб од високите симболи. Пет симболи носат 10x, четири – 2x, и три – 1x.
Овие симболи носат најголеми добивки и се поретки во споредба со другите.
Симболи со ниска вредност

Освен змаевите, играта има и симболи со пониски исплати. Тие не се класични букви, туку се стилизирани знаци кои се појавуваат почесто:
- Симболи што носат до 3x: има три вакви симболи (А– сребрен, К- црвен и Q- зелен знак). Тие даваат 3x за пет исти, 1x за четири, и 0.5x за три симболи.
- Симболи што носат до 2x: уште три симболи ( J- розов, 10- светлосин и 9- кафеав знак). Тие даваат 2x за пет, 1x за четири и 0.5x за три симболи.
Овие симболи се често присутни во играта, но нивните добивки се значително помали од добивките со змаевите.
Dragons of Fortune Бонус функции
Играта Dragons of Fortune има неколку интересни бонуси кои ја прават играта повозбудлива и даваат шанса за поголеми добивки. Овие функции вклучуваат Wild симбол, бесплатни вртења со избор на змеј и функција за удвојување. Подолу е објаснето како функционира секој бонус.
Wild симбол
Wild симболот може да се појави само на втората, третата и четвртата колона. Тој заменува други симболи, освен Bonus симболот. Со тоа помага да се создадат повеќе добитни комбинации.
Бесплатни спинови (Free spins)
Кога ќе се појават најмалку 3 Bonus симболи на соседни рилови од лево кон десно, се активира функцијата за бесплатни спинови. Пред да започне функцијата, играчот избира еден од неколку понудени змејови. Секој змеј носи различен број бесплатни спинови и различен множител за добивки.
Додека траат бесплатните спинови, ако се појави Wild симбол, добивките се множат со бројот што го нуди избраниот змеј. Исто така, може повторно да се добијат нови бесплатни спинови ако се исполнат условите.
Функција за удвојување (Gamble)
По секоја добивка надвор од бесплатните вртења, играчот може да ја активира функцијата за удвојување. Треба да се погоди бојата на скриена карта – црвена или црна. Ако се погоди, добивката се удвојува. Ако не, се губи таа добивка. Оваа функција може да се користи до 10 пати по ред. Исто така, постои можност да се ризикува само половина од добивката преку копчето „ПОЛОВИНА“.
Заклучок
Dragons of Fortune е слот игра со 243 начини за добивка и интересна тема со змејови. Има симболи со високи исплати и симболи што даваат помали добивки. Играта нуди бонус бесплатни вртења каде играчот сам избира змеј со различен множител и број на вртења. Wild симболот помага за повеќе комбинации, а функцијата за удвојување може да донесе уште поголеми добивки.
Be the first to comment