DragonSlots
  • Игри - 8.3/10
    8.3/10
  • Бонус - 8.2/10
    8.2/10
  • Уплата и Исплата - 7.9/10
    7.9/10
  • Мобилна Верзија - 7.5/10
    7.5/10
  • Корисничка Поддршка - 8.2/10
    8.2/10
Overall
8/10
8/10
Sending
User Review
0 (0 votes)

DragonSlots е онлајн казино со голем каталог на игри, каде покрај слотовите може да се играат рулет, блекџек, бакара и други класични казино игри, како и игри со дилери во живо. Понудата не е ограничена само на казино, бидејќи на истиот сајт има и спортско обложување и обложување во живо, но казино делот зазема значаен дел од целата понуда.

Она што веднаш се забележува е разновидноста на игрите. Има посебни категории за популарни и нови наслови, Megaways и Hold & Win слотови, Bonus Buy игри, џекпоти и брзи игри. Кај казиното во живо изборот продолжува со повеќе варијанти на рулет, блекџек и бакара, како и game show игри. Во каталогот се среќаваат и познати провајдери како Evolution и Playtech, па изборот не се сведува на неколку студија и мал број игри.

За новите играчи DragonSlots има и поголем пакет за добредојде распореден на првите четири депозити. Вкупната вредност на пакетот достигнува 460% бонус до 4.000 евра и до 700 бесплатни спинови, а со првиот депозит може да се добие и бонус игра. Постојат и други промоции, меѓу кои reload бонус и бесплатни спинови за користење на мобилната апликација.

Во продолжение на оваа DragonSlots рецензија подетално ќе ги разгледаме казино игрите, провајдерите, бонусите и условите за нивно користење, регистрацијата, методите за депозит и исплата, мобилната апликација и корисничката поддршка.

Дизајн и навигација

DragonSlots има впечатлив казино дизајн во кој доминираат темна позадина и црвени и златни детали. Мотивот со змеј е присутен низ различни делови од сајтот, па изгледот има свој препознатлив стил наместо да наликува на стандардните бели и едноставни казино страници. Од друга страна, на почетната страница истовремено се прикажуваат доста игри, банери и промоции, па при првата посета може да делува малку пренатрупано.

Навигацијата го олеснува снаоѓањето. Од главното мени директно се отвораат Games, Live Dealers, Promotions и Tournaments, како и деловите за спортско и обложување во живо. Има и дополнително странично мени преку кое може побрзо да се стигне до казино игрите, VIP делот, промоциите и корисничката поддршка.

Добра организација има особено во казино лобито. Наместо сите игри да бидат ставени во една долга листа, тие се поделени во категории како Popular, New, Slots, Bonus Buy, Fast Games, Megaways, Hold & Win и Jackpot. Достапно е и пребарување по име, како и филтрирање според провајдер, што е корисно со оглед на бројот на игри во понудата.

Кај голем дел од насловите може да се види и RTP процентот, без играта прво да се отвора. Севкупно, DragonSlots има функционална навигација и добро организиран каталог, иако самиот визуелен изглед е повеќе наменет за играчи кои сакаат динамичен казино дизајн отколку минималистички сајт.

Казино игри

Казино понудата е еден од посилните делови на DragonSlots, пред сè поради бројот и разновидноста на игрите. Каталогот не е составен само од стандардни слотови, туку опфаќа и казино во живо, рулет, блекџек, бакара, покер и game show игри. Дополнителните филтри овозможуваат понудата да се разгледува според типот на игра или провајдерот, а има и посебни категории за понови и популарни наслови.

Слот игри

Најголем избор има кај слот игрите, каде се комбинираат класични наслови со понови слотови и различни бонус механики. Покрај стандардната Slots категорија, играчите можат директно да ги отворат Megaways, Hold & Win, Bonus Buy и Jackpot секциите. Има и Fast Games категорија за оние кои повеќе сакаат кратки и динамични партии отколку класични слотови.

Меѓу игрите што ги забележавме во каталогот се 20 Boost Hot, Hot Money Slot, Zeus Legacy, Wolf Gone Wild Hold and Win, Rip City, Mega Volcano, Coin Strike 2 Hold and Win, Book of Ra Magic, 3 Pots of Olympus, Pink Clovers XXXL Hold and Win и Wild Spin Deluxe. Изборот е доволно разновиден и за играчи кои преферираат едноставни слотови и за оние кои бараат повеќе бонус функции, специјални симболи и дополнителни рунди.

Корисно е и тоа што кај голем број слотови е прикажан RTP процентот. Наместо секоја игра да се отвора поединечно за да се проверат основните информации, дел од нив може да се видат уште во казино лобито. Пребарувањето по име и филтрирањето според провајдер дополнително го олеснуваат изборот кога се бара конкретен слот.

Казино во живо

DragonSlots има посебно лоби за игра со вистински дилери во живо, а понудата е значително поширока од неколку основни маси за рулет и блекџек. Игрите се поделени на Blackjack, Roulette, Baccarat, Poker и Game Shows, па може веднаш да се отвори саканата категорија без пребарување низ целиот каталог.

Во понудата се појавуваат игри како Crazy Time, Immersive Roulette, Gravity Blackjack, Live Roulette, Gravity Wheel, Grand Bonus Baccarat, Blackjack VIP и Roulette Deluxe. Достапни се и маси од познати live casino провајдери како Evolution, Playtech и ICONIC21, што носи различни типови на маси, лимити и варијанти на игрите.

Game show игрите се интересен додаток за играчите кои сакаат игра во живо, но не се заинтересирани само за традиционален рулет, бакара или блекџек. Со тоа live делот има малку поголема разновидност и не се сведува само на класичните казино игри со дилер.

Игри на маса

За љубителите на традиционалните казино игри има повеќе варијанти на рулет, блекџек, бакара и покер. Дел од нив се класични дигитални игри, додека поголем избор може да се најде во казиното во живо, каде се достапни стандардни, брзи и VIP маси.

Кај блекџекот, на пример, покрај обичните маси има Speed Blackjack, Gravity Blackjack и Blackjack VIP, додека кај рулетот се среќаваат варијанти како Immersive Roulette и Roulette Deluxe. Ова е добра разлика во однос на казина каде категоријата „table games“ формално постои, но во неа има само неколку основни верзии на рулет и блекџек.

Провајдери на игри

DragonSlots работи со повеќе казино провајдери, а игрите може да се филтрираат директно според студиото што ги развива. Кај казиното во живо се издвојуваат Evolution, Playtech и ICONIC21, додека слот каталогот вклучува игри од различни студија и не е ограничен на еден или два провајдери.

Филтерот за провајдери е особено корисен за играчи кои веќе имаат омилено студио или конкретна серија на игри. Наместо да се пребарува целиот каталог, може да се прикажат само игрите од избраниот провајдер. Заедно со поделбата на Megaways, Hold & Win, Bonus Buy и останатите категории, ова го прави големиот каталог полесен за пребарување.

Бонуси и промоции

DragonSlots има повеќе бонуси за казино играчите, а најголемата понуда е наменета за новите корисници и се распределува на првите четири депозити. Покрај овој пакет, има и reload бонус за следните уплати, како и помали промоции преку кои може да се добијат бесплатни спинови без дополнителен депозит.

Важно е да се направи разлика меѓу максималната вредност на пакетот и она што се добива веднаш по регистрацијата. Рекламираните 460% до 4.000 евра и до 700 бесплатни спинови се збир од четирите депозитни бонуси, а не бонус што се доделува одеднаш. Износот на депозитот исто така влијае на бројот на спинови што ќе ги добие играчот.

Бонус пакет за добредојде

Првиот дел од пакетот носи 100% бонус до 1.000 евра. Со депозит од 10 до 50 евра се добиваат 25 бесплатни спинови, со уплата од 50 до 200 евра следуваат 50, а депозит од 200 до 500 евра носи 100 бесплатни спинови. Најголемата награда во оваа фаза е за депозит од најмалку 500 евра, со кој се добиваат 250 спинови. При уплата од најмалку 20 евра е вклучена и една бонус игра.

Со вториот депозит процентот се зголемува на 110% до 1.000 евра. Уплата од 10 до 50 евра носи 50 бесплатни спинови, од 50 до 300 евра се добиваат 100, додека депозит од 300 евра или повеќе носи 150 бесплатни спинови.

Третиот бонус е 120% до 1.000 евра. За депозит од 10 до 100 евра следуваат 50 спинови, за уплата од 100 до 300 евра се добиваат 100, а со 300 евра или повеќе бројот се зголемува на 150 бесплатни спинови.

Последниот дел од пакетот се активира со четвртиот депозит и носи 130% бонус до 1.000 евра. Распределбата на бесплатните спинови е слична: 50 за депозит од 10 до 100 евра, 100 за уплата од 100 до 300 евра и 150 за депозит од најмалку 300 евра.

Ако се соберат сите четири понуди, максималниот пакет достигнува 460% до 4.000 евра + до 700 бесплатни спинови. Сепак, максималната вредност подразбира и значително повисоки депозити, па при изборот на бонус поважно е да се проверат условите што одговараат на конкретната уплата, како и правилата за обложување и исплата на бонус средствата.

Reload бонус

Покрај пакетот за нови корисници, DragonSlots има и reload бонус до 150% и 750 евра, со кој може да се добијат најмногу 150 бесплатни спинови. Оваа понуда е наменета за дополнително надополнување на сметката и повторно има различни нивоа според висината на депозитот.

За уплата од 10 до 100 евра се добива 100% бонус до 100 евра и 50 бесплатни спинови. Депозит од 100 до 300 евра носи 125% до 375 евра и 100 спинови, додека со уплата од најмалку 300 евра понудата достигнува 150% до 750 евра и 150 бесплатни спинови. За добивање на спиновите е потребен депозит од најмалку 10 евра.

Бонус за мобилната апликација

Не сите промоции во DragonSlots бараат депозит. Со инсталирање на мобилната апликација се добиваат 10 бесплатни спинови без депозит, што е една од поедноставните понуди во казиното. Наместо процентуален бонус врзан со висината на уплатата, тука условот е да се инсталира апликацијата и да се активира наградата.

Ова е и добра можност нов корисник прво да ја проба мобилната верзија на DragonSlots без веднаш да активира еден од поголемите депозитни бонуси. Секако, за евентуална добивка од бесплатните спинови важат условите наведени во самата промоција.

Бонус за push известувања

Уште 10 бесплатни спинови се достапни со активирање на push известувањата. Покрај наградата, преку нив пристигнуваат известувања за нови промоции, новости и други понуди од DragonSlots.

Кај корисниците на iPhone и други iOS уреди, прво треба да се инсталира DragonSlots апликацијата, а потоа да се дозволат push известувањата. Со тоа, бонусите за апликацијата и известувањата се две одделни промоции и заедно може да донесат 20 бесплатни спинови.

Регистрација во DragonSlots

Отворањето сметка во DragonSlots е поделено во два чекори, а интересен детал е што изборот на бонус се прави уште на почетокот на регистрацијата. Новиот корисник може да го избере целиот пакет за добредојде до 4.000 евра и 700 бесплатни спинови, да се одлучи само за бонусот на првиот депозит или да ја остави одлуката за подоцна. Ова е практично за оние кои не сакаат автоматски да активираат бонус пред да ги прочитаат неговите услови.

Во првиот дел од формуларот се внесуваат e-mail адреса и лозинка, а потребно е и да се потврди дека корисникот има најмалку 18 години и дека ги прифаќа правилата за користење. Вториот чекор е подетален и бара име и презиме, датум на раѓање, пол, држава, валута и телефонски број. Потоа се дополнуваат градот, адресата и поштенскиот број, а има и поле за промо код доколку играчот има таков.

Регистрацијата не е меѓу најкратките што може да се сретнат кај онлајн казината, бидејќи уште при отворањето на сметката се бараат повеќе лични податоци. Сепак, целиот формулар е поделен во две јасни фази. Податоците треба да се внесат точно, особено името, датумот на раѓање и адресата, бидејќи подоцна може да бидат потребни при верификација на профилот и исплата на добивка.

Депозити и исплати

Кај плаќањата DragonSlots комбинира класични методи со прилично голем избор на криптовалути. Достапни се Visa и Mastercard, Skrill, Neteller, MiFinity и Jeton, а крипто делот опфаќа Bitcoin и голем број алткоини и stablecoin опции. Методите и минималните износи се прикажуваат директно во касата, што овозможува да се проверат пред да се направи трансакција.

Депозити

За депозит со Visa или Mastercard, минималната прикажана уплата е 650 денари. Истиот минимум важи за Skrill, Neteller, MiFinity и Jeton, па играчите кои не сакаат да користат картичка имаат неколку алтернативи преку електронски паричници.

Многу поголем избор има кај криптовалутите. DragonSlots поддржува Bitcoin, Ethereum, Litecoin, XRP, Dogecoin, Solana, Cardano, Polkadot, Chainlink, USDC и USDT, заедно со дополнителни крипто опции. Кај USDT се достапни и различни мрежи, што е важно да се провери внимателно пред испраќање средства. Кај дел од криптовалутите минималниот депозит што го прикажува касата започнува од околу 310 денари.

Според тоа, понудата за обична уплата со картичка или e-wallet е сосема солидна, но криптовалутите се делот каде DragonSlots има најголема разновидност. Играчите кои користат само традиционални методи имаат помал избор, додека за crypto корисниците има значително повеќе можности.

Исплата на добивка

За повлекување средства повторно се достапни електронски паричници и голем број криптовалути, како и исплата на Visa. Skrill, Neteller, MiFinity и Jeton се меѓу прикажаните опции, а крипто изборот повторно вклучува Bitcoin, Ethereum, Litecoin, XRP, Dogecoin, Solana, Cardano, USDC и повеќе USDT мрежи.

Една разлика во однос на депозитите е кај банкарските картички. Додека за уплата се прикажани Visa и Mastercard, кај исплатите е наведена Visa, но не и Mastercard. Затоа не треба автоматски да се претпостави дека методот со кој е направен депозитот секогаш ќе биде достапен и за повлекување на добивката.

Пред првата исплата е добро да се проверат достапниот метод, минималниот износ и дали профилот треба дополнително да се верификува. Особено кај криптовалутите треба внимателно да се изберат точната валута и мрежа пред да се потврди трансакцијата.

Мобилна верзија и апликација

DragonSlots е приспособен и за игра преку мобилен телефон, така што најголем дел од содржините може да се користат директно преку прелистувач. Мобилната верзија го задржува пристапот до слотовите, казиното во живо, промоциите, спортското обложување, депозитите и исплатите, а категориите се прилагодени за полесно пребарување на помал екран. Тоа значи дека инсталирањето апликација не е задолжително за оние кои повремено играат преку телефон.

За играчите кои почесто го користат DragonSlots на мобилен, достапна е и посебна апликација, до која може да се стигне преку линкот на самиот сајт. Една од причините да се избере апликацијата наместо мобилниот прелистувач е промоцијата со 10 бесплатни спинови без депозит по инсталацијата. На тој начин може да се добие мала почетна награда без активирање на депозитниот бонус за добредојде.

Апликацијата е поврзана и со промоцијата за push известувања. Со нивно активирање се добиваат дополнителни 10 бесплатни спинови, а преку известувањата пристигнуваат информации за нови промоции и други новости. Кај iOS уредите, DragonSlots наведува дека апликацијата мора прво да биде инсталирана за да може да се користат push известувањата.

Корисничка поддршка

Кога е потребна помош околу сметката, бонусите, плаќањата или игрите, DragonSlots овозможува контакт преку чат во живо, контакт форма и e-mail. Чатот е најдиректната опција на сајтот, а пред започнување на разговор потребно е да се внесат име и e-mail адреса.

За прашања кои не бараат веднаш одговор може да се користи контакт формата. Во неа се избира категоријата на барањето и се внесува пораката, а DragonSlots наведува рок за одговор до 24 часа. Директен контакт со поддршката е возможен и преку [email protected].

Посебно е тоа што за официјални поплаки постои одделна e-mail адреса, [email protected]. Тоа е корисно кога проблемот не може да се реши преку стандардната поддршка и играчот сака формално да поднесе поплака. Сепак, во однос на самите контакт опции, понудата е прилично стандардна – главните канали се live chat и e-mail, без голем број дополнителни начини за комуникација.

Заклучок

DragonSlots има богат избор на слотови, добро развиено казино во живо и голем број крипто методи за плаќање, а пакетот на првите четири депозити е главната понуда за новите играчи. Плус се и мобилната апликација и бесплатните спинови без депозит што може да се добијат преку неа. Од друга страна, дизајнот може да делува пренатрупано, а кај класичните методи изборот за исплата е потесен отколку кај криптовалутите. Севкупно, DragonSlots најмногу ќе им одговара на играчи кои бараат голем каталог на казино игри, live casino и повеќе опции за плаќање со крипто.